Нов кикс на ПСЖ: Бордо остана непоразен на „Паркот на принцовите“ (ВИДЕО)

Минатото коло ПСЖ прокоцка водство од 0-2 на гостувањето кај Монако и загуби со 3-2, а вечерва исто така имаше водство против Бордо и повторно не победи. 

Гостите први поведоа на „Паркот на принцовите“ откако младиот дебитант во дресот на „светците“ Тимоти Пембеле си постигна автогол во 10.минута. ПСЖ направи пресврт за само една минута.

Најпрво Нејмар погоди од пенал во 27.минута, а веќе во следниот напад беше 2-1, бидејќи Моис Кин реализираше за 2-1. Сепак во вториот дел Бордо дојде до втор погодок преку Јасин Адли и заслужено се избори за реми 2-2. Интересно е тоа што Адли е пораенешн фудбалер на ПСЖ.