Нотингем Форест со седум гола го „размонтира“ Брајтон (ВИДЕО)
Распадот на Брајтон почна со автоголот на Данк, а продолжи со погодоците на Гибс-Вајт и Вуд до крајот на првото полувреме.
Вуд стрелаше уште двапати во вториот дел и го комплетира неговиот хет-трик, додека во листата на стрелци во самата завршница се запишаа и Вилијамс и Силва.
Нотингем Форест има 47 бодови, колку и Арсенал по 24 одиграни кола, додека Брајтон остана на деветтата позиција со 34 погодоци.