Ноер прекрши правило на ФИФА и предизвика паника во Германија (ФОТО)

Германија со убедлива победа од 7-1 против Курасао го отвори Светското првенство (СП), но по натпреварот големо внимание привлече легендарниот голман Мануел Ноер.

Ноер се врати во репрезентацијата, но за време на натпреварот направи потег со кој ги прекрши правилата на ФИФА.

Голманот носеше дрес со долги ракави на кои им ги скратил ракавите, а според правилата на ФИФА, играчите сами не смеат да ја менуваат опремата и со ова се случил прекршок.

Потегот на Ноер предизвика паника во Германија затоа што земјата очекува казна од ФИФА. Сепак, не се очекува суспензија на голманот, туку парична санкција.