Њукасл без менаџерот против Јунајтед - Хау завршил в болница

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау синоќа итно бил примен в болница по неколку дена во кои имал тешки здравствени проблеми.

Ова значи дека тој ќе го пропушти утрешниот дерби дуел против Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд кој е од исклучително големо значење во борбата за пласман во Лигата на шампионите. Њукасл во моментов е седмоппласиран, но со само бод помалку и два заостанати меча во однос на петтопласираната Астон Вила.

„Медицинскиот персонал го набљудуваше Еди во текот на ноќта за натамошни тестирања кои уште траат. Свесен е и комуницира со семејството, а се работи на тоа да прими помош од медицински стручњаци“, пишува во соопштението од Њукасл.

На утрешниот меч, тимот ќе го водат неговите помошници Џејсон Тиндал и Грем Џонс, а не е исклучено Хау да не го води Њукасл до крајот на сезоната.