Ниту ВАР не го запре Ливерпул: Жота го урна Вест хем (ВИДЕО)

Ливерпул со пресврт (2-1) на „Енфилд“ славеше против Вест хем во рамки на седмото коло од англиската Премиерлига.

Гостите од Лондон постигнаа први гол преку Форналс во 10. минута од мечот, по што во самиот финиш на првото полувреме Салах од пенал израмни на 1-1.

Во второто полувреме Диего Жота стрелаше за 2-1, но неговиот гол го поништи ВАР-системот. Сепак, осум минути подоцна истиот фудбалер го пронајде патот до мрежата на Вест хем за конечни 2-1.

Ливерпул се искачи на првата позиција во Премиерлигата со 16 бодови по денешниот триумф, а зад нив е Евертон со 13 бодови и еден меч помалку.