Ништо од отказот на Тен Хаг: Холанѓанецот и понатаму бара време

На Манчестер Јунајтед не му оди со Ерик Тен Хаг на клупата, но Холанѓанецот и понатаму го води тимот.

Навивачите на Манчестер Јунајтед се надеваа дека отказот за Тен Хаг може да дојде по вчерашниот пораз од Тотнем на домашен терен со 0-3, сепак според изјавата на Холанѓанецот тоа нема да се случи.

„Не размислувам за отказ. Ова лето донесовме одлука да останеме заедно и да утврдиме што можеме да подобриме и како да создадеме конкурентен тим“, изјави Тен Хаг на прес-конференцијата за медиумите.

Се обиде и да го оправда лошиот старт на својот тим кој има само седум бода по шест кола и се наоѓа на 12. место на табелата.

„Знаевме дека ќе биде потрено време поради преодниот рок. Некои играчи, како Мануел Угарте пристигнаа доцна. Мораме да направиме и исчекор во организацијата поради некои повреди, па потребно е време. Сите заедно сме на иста страна или ист брод – сопственици, стручен штаб и фудбалери. Не се грижам за тоа“, додаде Тен Хаг.