Ништо од Флорес: Валенсија договори тренер од Чемпионшип
Сепак, тој нема да се врати на клупата на „лилјаците“, а алтернатива е најдена во англискиот второлигаш Вест Бромвич Албион. Нов тренер на Валенсија, веројатно уште денеска, би требало да стане 41-годишниот Карлос Корберан, локален стручњак, роден на 25 километри од градот Валенсија.
Со оглед на тоа што лани потпиша договор со ВБА до 2027 година, Валенсија за него ќе плати отштета од три милиони евра и менаџментот на клубот веќе ги известил Англичаните дека тоа ќе биде реализирано. Заедно со Кобреран, во Валенсија стигнува и неговиот стручен штаб од ВБА и сите заедно ќе се обидат да ја спасат екипата од испаѓање.
Прашање е колку ова решение е правилно ако се знае дека Кобреран нема искуство од водење шпански прволигаши и ова ќе биде прв негов таков ангажман. Досега во кариерата го водеше само Алкоркон, во Сегунда, а потоа работеше во Кипар, Англија и во Грција, во тимот на Олимпијакос каде се задржа едвај два месеца.