„Никогаш не сум сакал да тренирам“

Некогаш големата надеж на шпанскиот фудбал, Хесе Родригес, зборуваше за неговата кариера, која е обележана со позајмици од еден во друг клуб.

Тој својата кариера ја започна во Реал Мадрид. а во 2016 година се пресели во ПСЖ за 25 милиони евра.

Од тој момент, неговата кариера постојано е во пад, па 26-годишниот напаѓач мина на бројни позајмици.

Помина една година во Стоук, Лас Палмас, Бетис и сега е член на Спортинг Лисабон.

Изгледам добро, се чувствувам добро и јас барам да го достигнам нивото што го имав во Реал. Спортот ме прави среќен и играњето фудбал е она што најмногу го сакам, истакна Хесе.

Шпанецот додаде дека е свесен дека може да направи подобра кариера.

Никогаш не сакав да тренирам многу. Вилијам Карваљо и Кристијано Роналдо ми пренесоа големи впечатоци за Спортинг. Тоа е одличен европски клуб и јас бев многу задоволен кога се појави можноста да се приклучам во овој тим, заврши Шпанецот.