Ни Роналдо, ни Меси не успеале да го направат тоа што го стори – Лука Модриќ (ФОТО)

Хрватската суперѕвезда Лука Модриќ е најдобар светски фудбалер во сите можни избори. Откако ја доби наградата на Светската фудбалска федерација (ФИФА), „Бест“, синоќа фудбалерот на Реал Мадрид ја освои и „златната топка“.

Модриќ по една деценија ја прекина децениската доминација на Лионел Меси и Кристијано Роналдо, кои освоија по пет „златни топки“ во изминатите десет години. Но, тоа што посебно паѓа во очи е фактот дека Модриќ успеа барем во нешто да ги надмине.

Ниту Роналдо, ниту Меси не успеале во иста година да освојат „две златни топки“. А, на Модриќ тоа му успеа. Хрватот летово ја освои „златната топка“ за најдобар светски фудбалер на СП во Русија. Сега ја освојува „златната топка“ за најдобар светски фудбалер.

Меси има „златна топка“ од СП и тоа во Бразил во 2014 година, но во истата не ја освои наградата на „Франс Фудбал“. Роналдо, пак, нема таква на награда од Мундијалите, па не стигнал ни близу до успех како модриќ.

Инаку само на тројца фудбалери во светот им успеало тоа што го постигна Модриќ. Прв е Боби Чарлтон, англиската легенда кој освои „златна топка“ на СП и од францускиот магазин во 1966, втор е Јохан Кројф во 1974, а трет и досега последен, Паоло Роси во 1982.