Невил се надева на најлошото: Ќе ми биде мило да гледам како се распаѓа Ливерпул...
Јунајтед во моментов има 22 бодови помалку од големиот ривал од „Енфилд“, а тоа ги боли навивачите и легендата на „ѓаволите“, Гери Невил.
„Ако Ливерпул ја испушти предноста во првенството, тоа ќе ми ја разубави годината. Би било убаво да ги гледаме како имаат голема предност, а потоа да пропаднат. Морам да кажам дека ја покажаа најдобрата игра во последните две години, но се надевам дека на тоа ќе му дојде крајот“, порача Невил.