Неверојатната низа на Родри застана на 74

Поразот на Манчестер Сити во финалето од ФА Купот го означи и крајот на лудата серија на шпанскиот репрезентативец Родри во дресот на овој тим.

Играчот од средниот ред на Сити беше непоразен на официјални дуели на 74 натпревари по ред, без разлика дали станува збор за Премиер лигата, Лигата на шампионите или останатите натпреварувања во кои учествуваше. Последниот пораз на меч на кој настапил, Родри го претрпе во февруари 2023 година, од Тотенхем.

Оттогаш, Сити освои вкупно четири трофеи, два во Премиер лигата и по еден во ФА Купот и Лигата на шампионите.