Неверојатна победа на Каљари: Губеа со 2-0 и 3-1, но успеаја да ја добијат Сампдорија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Каљари ја совладаа Сампдорија со 4-3 во еден од најдобрите натпревари сезонава во Серија А.

На натпревар од 14-то коло во првата италијанската лига, Сампдорија предводена од Клаудио Раниери водеше со 2-0 по 70 минути игра и тоа со головите Кваљарела од пенал во 38-та и Рамирез во 52. минута.

Но, пресвртот започна со голот на Наинголан во 70-та минута, иако една минута подоцна Кваљарела повторно погоди за 3-1 и се чинеше дека работата е завршена.

Сепак, по само две минути Жоао Педро постигна два гола и ги врати работите на почеток, а во последните секунди, резервистот Сери погоди за големо славје во Сардинија.

 

 

Каљари сега е на четвртото место со 28 бода и ја продолжува фантастичната сезона, а по 14 кола има само два порази, осум победи и четири ремија. Сампдорија се наоѓа на 17-то место со 12 бода.