Несторовски загрижува со формата – едвај има 49 минути месецов!

Македонскиот репрезентативен центарфор Илија Несторовски и втор меч по ред остана закован на клупата за Удинезе, па проблематично станува неговото премало играње во пресрет на историскиот меч со Косово на 26 март, зашто во последните нешто повеќе од еден месец, прилепчанецот има севкупно само – 49 минути настап.

Удинезе денеска остана без победа во 93-та минута кај Болоња (1-1) и не успеа да ја прекине црната серија од шест меча без триумф (четири порази и две ремија), па уште повеќе црно-белите со лошата серија си ја компликуваат ситуацијата, зашто сега имаат само пет бода повеќе, но и меч повеќе од Џенова, каде игра Горан Пандев и најстариот калчолигаш е трет одзади со 22 бода (Удинезе има 27).

Удинезе до победата дојде со гол на Окака на асистенција на Де Паул во 33-та минута и потоа црно-белите умешно знаеа да ја сочуваат предноста за да стигнат до триумф. Родриго Паласио со гол во судиското надополнување спречи радост на Удинезе за седми меч во низа без троумф, а трето реми по ред.

Несторовски остана резерва, а последен пат беше стартер на 15 јануари во Купот на Италија против Јувентус (0-4), кога ги одигра сите 90 минути.