Несторовски ја запечати победата на Удинезе на „Олимпико“ против Рома (ВИДЕО)

Удинезе ја оствари првата победа во Серија А уште од јануари, откако вечерва славеше со 2-0 на гостувањето кај Рома во рамки на последниот натпревар од 29-тото коло.

Кевин Лазања ги доведе гостите од Удине во водство од 0-1 во 12-тата минута. Работата на гостите им ја олесни Диего Пероти, кој по половина час игра заработи директен црвен картон откако брутално го нагази Бекао.

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски влезе во игра во 65-тата минута и во 78-та ги постави конечните 0-2. За нашиот интернационалец ова беше втор погодок сезонава во Серија А по оној против Сампдорија постигнат уште во ноевмри.