Нејмар: Сите знаат дека имав желба да си заминам од ПСЖ

Нејмар е со репрезентацијата на Бразил каде го очекува 100-тиот натпревар во дресот на „кариоките“ и тоа на пријателскиот натпревар со Сенегал, што е закажан за утре. 

Ѕвездата на денешната прес-конференција повторно зборуваше за изминатото лето и целата трансфер-сага околу неговите заминување од ПСЖ во Барселона. Нејмар не се крие од фактот дека имаше голема желба да направи кам-бек на „Камп Ноу“, но во исто време потврди дека ќе даде сè од себе за дресот на парижаните.

„Сите знаат што се случи изминатото лето и дека имав желба да си заминам. Денеска, се чувствувам среќен и удобно во клубот. Не е дека сум среќен само кога играм за Бразил. Сезоната почна добро за мене. Ќе го бранам мојот клуб до крај. Ќе дадам 100 отсто за да ги оствариме нашите цели. Летото беше многу долго за мене. Знаев дека морам добро да се подготвам и покрај околностите за една добра сезона. Фала му на господ што почна добро за мене и се надевам дека така ќе биде и во иднина“, изјави Нејмар.