Нејмар потсети на најдобрите денови и со брутален потег го понижи ривалот (ВИДЕО)

Сантос триумфира со пресврт против Крузеиро со 2-1, а бразилскиот фудбалер Нејмар одигра неверојатен натпревар и потсети на најдобрите денови.

Нејмар со еден брутален потег успеа да го понижи ривалот и да стане хит на социјалните мрежи.

Откако се врати во Сантос, Нејмар на 17 меча постигна шест голови и три асистенции за тимот.