
Нејмар откри: Имав состанок за трансфер во Баерн во два часот по полноќ!
Пред да се пресели во Барселона, Нејмар имал понуда од Баерн, а разговарал и со тренерот Пеп Гвардиола во два часот по полноќ.
„Бев во долна облека. Во просторијата беа татко ми, Гвардиола и преведувач за да ги почнеме преговорите“, откри 31-годишниот Бразилец.
Нејмар потоа се пресели во Барселона, каде што играше четири сезони, по што го носеше дресот на ПСЖ и на крајот се пресели во Ал Хилал.