
„Бомба“ од Италија: Влаховиќ ќе засили голем ривал на Јувентус!?
Клубот ќе го стави на трансфер-листата, а цената ќе биде околу 30 милиони евра, па тоа сака да го искористи Интер.
Интер е подготвен да тргне по потписот на Влаховиќ, но само ако претходно го продаде Маркус Турам, кој игра одлично во редовите на калчолигашот.
Турам би можел да го наполни буџетот на „нераѕурите“, кои ќе бараат околу 80 милиони евра за неговите услуги, а потоа 30 милиони би искористиле за трансфер на Влаховиќ.