Нејмар има сериозна повреда, ќе паузира шест недели!

Бразилскиот фудбалер Нејмар по пауза од една година се врати на теренот, но веднаш се повреди и сега го чека нова рехабилитација.

Нејмар одигра половина час во дресот на Ал Хилал, по што се пожали на повреда и мораше да биде заменет, а медицинските прегледи покажале дека скинал тетива.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Нејмар ќе паузира околу шест недели, а по оваа информација се појавија шпекулации дека Ал Хилал сака да му го раскине договорот.