Нејмар ги откри неговите планови по шпекулациите дека се враќа во Европа

Бразилскиот фудбалер Нејмар неодамна се пресели во Сантос, но во медиумите се појавија приказни дека ќе остане во тимот до јуни, по што повторно сака да се врати во Европа.

Таткото на Нејмар откри дека шпекулациите се лажни, односно планот на фудбалерот е да остане во татковината.

„Нашиот проект не е само до крајот на договорот. Не дојдовме тука за да игра само пет месеци, може да му помогнеме на клубот да се врати на вистинското место“, кажа таткото на Нејмар.