Не го послушал „ЧатГПТ“ и тоа на крајот му донело - трофеј!
Матарaцо пристигна во декември, во момент кога тимот беше само два бода над зоната за испаѓање. Оттогаш работите драстично се променија, а кулминацијата дојде пред неколку дена кога Сосиедад го освои Купот на кралот.
Во понеделникот, пред околу 100.000 навивачи, клубот ја прослави титулата. Интересно е што ангажманот на Матарaцо зимава беше оценет како ризичен потег од шпанските медиуми. Имено, тој не зборува шпански и претходно никогаш не работел во Шпанија. Сепак, се покажа дека ризикот на крајот се исплатеше.
Во интервју за „Кадена СЕР“, Аперибај призна дека, како и многумина во Шпанија, не бил запознаен со работата на тренерот кој му бил предложен.
„Ерик (Бретос, спортски директор, н.з.) ми кажа за Матарaцо. Јас го прашав „ЧатГПТ“ дали тој би бил добар тренер за Сосиедад и ми одговори – не. Фала му на Бога што сепак му верував на Ерик“, изјави Аперибај.
Истакна и дека бил импресиониран по првиот состанок со него.
„Не го познавав, но ме импресионираше уште на првиот состанок, знаеше сè за сите. Презентираше извонредна анализа за Сосиедад“, откри Аперибај, додавајќи дека конечната одлука ја донел дури по петтиот разговор со тренерот.