Навивачите на Реал го „истролаа“ Бејл со специјално знаме (ФОТО)

Герет Бејл го прослави пласманот на Велс на Европското првенство 2020 година со провокативно знаме наменето против Реал Мадрид.

Фудбалерот држеше велшко знаме на кое пишуваше, „Велс, голф, Реал Мадрид - по тој редослед“, алудирајќи на своите приоритети во животот. Синоќа тој влезе во игра на дуелот против Реал Сосиедад во 67-та минута и беше поздравен со силни свирежи од навивачите на „Сантијаго Бернабеу“.

Еден навивач истакна и посебен транспарент за да го истрола Велшанецот.

„Родриго, Винисиус, Лукас, Бејл - по тој редослед“, пишуваше на транспарентот.