Навивачите на Џенова полудеа: Пандев и останатите се мачат со Парма, соиграчи зјаат во телефон (ФОТО)

Навивачите на најстариот италијански клуб Џенова збеснаа откако се појави снимка како фудбалери на овој тим за време на мечот со Парма и поразот со 1-2, зјаат во своите мобилни телефони додека Горан Пандев и нивните другари се мачат барем да се спасат од пораз на мечот.

Џенова повторно е во тешка резултатска криза, па и во оваа година повеќе од извесно е дека ќе се бори за опстанок, откако во претходните две сезони Пандев беше клучниот играч кој донесе останување во калчолигашката елита.

Откако технологијата навлезе во животот на секој поединец, очигледно и во фудбалот не се може без мобилен телефон. Без оглед што оваа тројка не играше, нивната концентрација да е поголема во телефонот, одошто на случувањата на теренот, само потврдува дека страста кон играта се повеќе се губи.

Триото кое се најде на столбот на срамот кај навивачите на Џенова се Клаудио Мицосвчи, Дамијан Мејлс и Жоел Асоро.