Навивачите на Данди Јунајтед го прекрстија Трапановски во - Трападона!

Македонскиот интернационалец Кристијан Трапановски по само една недела ги освои срцата на навивачите на Данди Јунајтед откако летово го засили овој клуб од Шкупи.

На три официјални натпревари, тој веќе има два гола и две асистенции, сите постигнати во шкотскиот Лига куп кој се игра како најава за новата сезона во Премиер лигата. Сето тоа ги воодушеви фановите кои на социјалните мрежи се полни со комплименти за играта на нашиот фудбалер.

Некои од нив веќе го прекрстија во Трападона, а некои прогнозираат дека ќе биде најдобар фудбалер во историјата на Данди Јунајтед. Не е лошо да се знае дека поранешни играчи на Данди Јунајтед се шкотската фудбалска легенда Данкан Фергусон и актуелниот играч на Ливерпул, Енди Робертсон