Навивач побара дрес, а фудбалерот му го продаде за 50 евра (ВИДЕО)

Малага ги имаше најдобрите резултати во 2013 година кога играше во четвртфинале на Лигата на шампиони (ЛШ), по што банкротира и сега се натпреварува во третата лига, а на мечот против вториот тим на Атлетико Мадрид беше забележана необична ситуација.

Натпреварот заврши со победа на Малага од 1-0, а по мечот Дани Лоренцо реши да му продаде дрес на еден од навивачите.

„Не сум милионер. Клубот нема пари за дресови и морав да ги земам парите кои ми ги понудија, иако сега гледам дека тоа беше погрешно“, кажа Лоренцо.