Навивач на Интер експресно уапсен зашто со факел го погодил голманот на Кремонезе!
Според информациите на италијанските власти, станува збор за 19-годишно лице, кое било идентификувано преку снимките од безбедносните камери на стадионот. Апсењето било извршено неколку дена по натпреварот, по завршувањето на полициската истрага. Инцидентот предизвика привремен прекин на натпреварот, додека Аудеро доби медицинска помош директно на теренот. За среќа, голманот на Кремонезе не претрпе сериозни повреди.
По настанот, италијанските власти воведоа строги безбедносни мерки, меѓу кои и забрана за навивачите на Интер да патуваат на гостински натпревари во одреден временски период.