Наполи со пресврт го победи Лече, Елмас одигра едно полувреме (ВИДЕО)

Фудбалерите на Наполи со пресврт стигнаа до победа на гости кај Лече во рамки од 29. коло (2-1).

Лече изненадувачки поведе уште во третата минута преку Џамил Зиберт и успеа тоа водство да го одржи до крајот на првиот дел.

Наполи израмни со голот на Хојлунд кој десети пат стрелаше во Серија А во 47-та минута. За три бода на фаворитот се погрижи Матео Политина на 20-тина минути пред крајот на средбата.

Со овој триумф Наполи дојде до 59 бода, еден помалку од Милан кој својот натпревар од ова коло го игра утре против Лацио.

Елиф Елмас и денеска беше на теренот и го одигра првото полувреме, во вториот дел на негово место влезе Мектоминеј.