Наполи направи исчекор кон титулата: Елмас и Осимен ја урнаа Аталанта (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер на денешниот меч за Наполи и веднаш постигна гол во победата против Аталанта од 2-1 во 13. коло од италијанската Серија А.

Лукман ги израдува домаќините по само 19 минути игра, откако од пенал ја затресе мрежата на Мерет за водство од 1-0, по што Наполи тргна со сите сили кон противничкиот гол и направи пресврт.

Најпрво Осимен стрелаше за 1-1 во 23. минута, а потоа македонскиот фудбалер беше одличен во казнениот простор на Аталанта и погоди за 2-1.

Аталанта во второто полувреме тргна по израмнување, но едноставно не можеше да ја пробие одбраната на гостите од Неапол.

Наполи е прв на табелата со 35 бода, по што следи Аталанта со 27, па Милан со 26, а еден помалку има Рома на четвртата позиција.