Наполи истрча со „аргентински“ дресови на дербито со Рома (ФОТО+ВИДЕО)

Диего Армандо Марадона беше голема легенда на Наполи, клуб во кој мина цели седум сезони. Имаше голем успех со овој клуб и го водеше до две шампионски титули во италијанскиот шампионат, единствени две во историјата на клубот. 

Неговата смрт силно го потресе клубот, но воедно и целиот град Неапол. Во негова чест, Наполи вечерва против Рома на терен истрча со специјално дизајнирани дресови во негова чест. 

Пред самиот почетокот на дербито, капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње положи цвеќе пред големиот транспарент на стадионот посветен на фудбалската икона.