Нант не попушта: Кардиф срамно се однесува поради трансферот на Сала

Не престанува драмата околу трансферот на Емилијано Сала, кој почина во падот на авион во Ламанш на пат од Нант кон Кардиф, а сега двата клуба не попуштаат за сумата која треба да се плати за неговиот трансфер, односно 17 милиони евра.

Телото беше пронајдено во трупот на авионот, по што Нант си ги побара парите од Кардиф за трансферот, но од Кардиф велат дека уште собираат информации.

„Уште собираме информации за целиот случај. Кога ќе ги собереме сите, тогаш ќе се договориме со Нант и ќе продолжиме понатаму“, вели претседателот на Кардиф, Мехмет Далман.

Според медумите, Кардиф одбива да плати 17 милиони евра за трансферот на Сала, а Нант се закани со тужба и тоа го потврди Далман.

„Ние сме чесен клуб. Ако според договорот треба да платиме, тогаш ќе го направиме тоа. Но, ако не мора да го направиме, а очигледно има некои неправилности во тоа, логично е како претседател да работам во најдобар интерес на клубот“, објаснува Далман.