Нани објави крај на кариерата, Јунајтед на оригинален начин му се заблагодари! (ФОТО)
Тој изминатото лето потпиша за португалскиот тим Амадора, одигра десет меча, постигна еден гол, но сега вели дека е време за пензија.
„Време е да кажам збогум. Решив да ја завршам кариерата. Ова беше неверојатно патување и благодарен сум на сите. Кариерата ми траеше повеќе од 20 години, ми остави толку спомени, а сега е време за нови соништа“, е дел од пораката на Нани.
Тој кариерата ја почна од Спортинг, најславните денови ги доживеа во Манчестер јунајтед со кој ја освои и Лигата на шампионите. Играше и за Фенербахче, Валенсија, Лацио, Венеција, Орладно, Мелбурн Виктори, Адана Демирспор и за Амадора.
Нани беше познат по својата прослава со салто, па Манчестер јунајтед во тој стил му се заблагодари.
Објави фотографија од негова таква прослава и со превртени букви напиша „Ти благодариме Нани“.