Најлош пенал во историјата на фудбалот: Цел свет му се смее на Будимир (ВИДЕО)

Фудбалерот на Осасуна, Анте Будимир е една од главните теми во шпанскиот фудбал откако тотално се избламира на натпреварот на неговиот тим против Валенсија.

Иако игра одлична сезона во Ла Лига хрватскиот интернационалец е ставен на столбот на срамот по смешниот пенал што го изведе во финишот на мечот. Во 97. минута, Будимир имаше шанса да ѝ донесе бод на Осасуна, но место сигурна реализација, го изведе најлошиот удар од белата точка.

 

 

Веројатно ни самиот во моментов не знае што сакаше, но изгледа дека задоцни со ударот, па го загуби чекорот и на крајот само малку ја потшутна топката. За Мамардашвили тоа не беше проблем, реагираше и спречи израмнување.

Да биде проблемот поголем, Будимир се повредил за време на мечот и подоцна бил испратен в болница каде е констатирано дека има скршеница наа три ребра. Поради тоа, како што тврдат хрватските медиуми, е доведен во прашање неговиот настап на претстојното Европското првенство кое почнува за две месеца.