Најдобрите 10 изјави во режија на маестро Арсен Венгер

Сега кога е готово и кога е сигурно дека една голема ера е завршена, ред е да се потсетиме на некои изјави на Арсен Венгер дадени во текот на речиси тридиценискиот мандат на клуата на Арсенал.

За Тотнем:

„Еднаш пуштив да гледам нивен натпревар на ТВ и заспав за пет минути“.

За коректноста во победата:

„Во Јапонија гледав сумо борење и никогаш не ми беше јасно кој е победникот, бидејќи не покажуваат емоции од респект кон поразениот. Овде е поинаку, се обидувам да ги научам играчите на почитување, во Англија секој ти се смее у лице кога ќе те победи“

Кога неговите играчи не се коректни:

„Не сум го забележал тоа, не знам за што зборувате“

За мотивација кај играчите:

„Фудбалскиот тим е како убава жена, кога тоа постојано ѝ го нагласувате, таа заборава колку е заносна“

За познавањето околу математиката:

„Од овие девет црвени картони, веројатно половина не сме заслужиле“

Кога ќе се навикнеш на успех:

„Тоа не е лесно, кога ќе почнеш да јадеш кавијар, тешко е да се вратиш на колбаси“

За тврдењата на Фергусон дека третопласираниот Јунајтед е подобар од шампионот Арсенал:

„Секој мисли дека неговата жена е најубава“

Најславната навреда кон Мурињо:

„Кога ќе им дадете успех на глупите луѓе, тоа понекогаш не ги прави попаметни, туку уште поглупави и побезобразни“

За трансфер политиката:

„Не вреди, јас можам и да ја молам Мис на светот да се омажи за нас, но ако таа не сака, ништо не правиме. Не можете мене да ме критикувате за тоа“

За тоа дека не може да победува секоја година:

„Луѓето често грешат, јас не сум вештак, туку фудбалски менаџер“