Најава за „невозможен“ трансфер: Јунајтед ќе пазари во Ливерпул!

Англиските медиуми денеска најавуваат трансфер од категоријата на „невозможни“ и тоа на фудбалерот на Ливерпул, Алекс Окслејд-Чембрлен, во таборот на – Манчестер Јунајтед.

Ривалството помеѓу овие два клуба е толку големо, поради што ептен се ретки премините директно од еден во друг клуб. Такви досега во историјата имало само осум, а последен бил Фил Чиснал во далечната 1964 година. „Ѓаволите“ сега сакаат да го прекинат 58-годишниот пост и да се засилат со англискиот репрезентативец, зад кого е турбулентна сезона.

Составот од Манчестер нуди 10 милиони фунти за услугите на Окслејд-Чембрлен, а сакаат да го купат уште летово. Тој сака да го напушти „Енфилд“ бидејќи од Јурген Клоп не ја добива посакуваната минутажа.