Нагелсман никако да го скрши малерот: Нема ниту една победа со Баерн Минхен

Баерн Минхен го ангажираше Јулијан Нагелсман на кормилото ова лето, а тренерот досега го предводеше тимот на четири меча и четири пати остана без триумф.

Најтежок пораз од трите беше синоќешниот на „Алијанц Арена“, и тоа против Наполи и Елиф Елмас од 0-3.

„Бевме добри во прво полувреме, но во второто бевме ужасни. Не беше добро. Всушност поради наши грешки примивме три гола“, вели Нагелсман.

Нагелсман тврди дека не е воопшто пријатно да се има лоша серија со екипата, но вели дека ова се пријателски натпревари и не треба да се крева паника.

Директорот на клубот, Оливер Кан, исто така не е загрижен поради резултатите на баварскиот гигант.