Надал се премисли: Не знам дали ова ќе ми биде последен настап на Ролан Гарос

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе настапи на неговиот омилен турнир Ролан Гарос и ќе се обиде да оствари што е можно подобар резултат, а пред настапот зборуваше за неговата иднина.

Надал претходно најави дека ќе ја заврши кариерата на крајот на годината, но со новата изјава ги збуни навивачите и ги остави да се надеваат дека Шпанецот ќе игра и следната сезона.

„Не знам дали ова ќе ми биде последен настап на Ролан Гарос. Ви кажав и во Рим дека имаше недоразбирање. Дури и по поразот од Хуркач кажав дека има некои позитивни работи. Морам да видам како ќе се чувствувам, по што ќе донесам одлука“, кажа Надал.