На Зидан му се плаче - и Марсело се повреди!

Од лошо - полошо! Реал Мадрид секој нов ден го стигнуваат негативни вести и случувања, а последа во низата е информацијата за повредата на Марсело.

Бразилецот скинал мускул на левата нога, покажале снимките, што значи дека ќе паузира од 30 до 40 дена, велат шпанските медиуми. Тој се повреди во второто полувреме од натпреварот со Бетис, кој Реал шокантно го загуби со 0-1.

Проблемот за Зинедин Зидан е тоа што листата со повредени играчи е многу голема. Прво и прво, на неа е замената за Марсело, Тео Ернандез, кој уште заздравува од повреда на рамото. Повредени се уште Бензема, Крос, Ковачиќ и Валјехо.

Иако почна доминантно во суперкуповите на Шпанија и на УЕФА, со победи над Барселона и над Манчестер јунајтед, Реал „заглиби“ во домашното првенство. Во пет меча има две победи, два пораза и едно реми и веќе заостанува седум бода зад Барселона.