На никој не му е до фудбал во Џенова: Пандев и другарите без поддршка против Милан

Стартот на сезоната во италијанската Серија А во Џенова ќе мине без поддршка за капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев и неговите соиграчи во Џенова, откако навивачите на овој клуб најавија дека ќе го бојкотираат воведниот меч со Милан викендов поради големата катастрофа и трагедија што се случи во овој град пред два дена.

Џенова со Пандев треба да тргне во сезоната од „Сан Сиро“ кај седумкратниот европски првак Милан, но навивачите се бесни на раководството на Серија А зошто не го одложува мечот во момент кога градот и цела Италија се потресени од страшната трагедија, кога се сруши мостот „Понте Моранди“ и досега 39 луца го загубија животот, десетици се повредени, а сè уште се трага по исчезнатите.

Ултрасите на Џенова бараат мечевите на Џенова и на Сампдорија да се одложат, а според распоредот на „Луиџи Ферарис – Мараси“, Сампдорија треба да ја дочека Фиорентина, додека Џенова му гостува во Милано.

„По последната катастрофа која не погоди, ние сочувствуваме со сите жртви и загрижени сме за тие што останаа без дом, па следствено за град кој го има сиот свој сјај истиот се соочува со големи тешкотии. Веруваме дека пред фудбалот, а и пред нашиот миленик има нешто многу повеќе. Затоа господа во фудбалот, потади тоа што не го одложивте мечот Милан – Џенова, ние веќе донесовме одлука и тоа без двоумење. Нашиот град е во голема жалост, па навивачите на Џенова нема да одат на планираното гостување на 'Сан Сиро' во недела. Се додека сме засегнати, молкот и почитта кон градот, кон тие што не се повеќе со нас и кон нивните семејства доаѓа пред сè. Ла Суперба (прекарот на Џенова“ е на колена, но ќе се издигне повторно. Ние сите сме на нејзина страна, па таа повторно ќе блесне, зошто ние сме нејзините деца“, објавија ултрасите на Џенова.