Мурињо пред враќање во Премиер лигата, но во клуб кој не бил шампион 36 години?

Турската епизода на Жозе Мурињо по се изгледа кратко ќе трае бидејќи трофејниот португалски стручњак добил примамлива понуда да се врати во омиленото првенство - Премиер лигата.

Во овој случај, заинтересиран за него е Евертон, односно следниот газда на клубот Ден Фридкин преку неговата компанија Фридкин Груп која неодамна купи 94% од акциите и чека само на дозвола од Премиер лигата за да ги преземе “карамелите“. Богатството на Фридкин се проценува на 5,7 милијарди долари и од него се очекува да го врати Евертон на славните патеки, а прв чекор кон тоа би бил ангажманот на Мурињо.

Англиските медиуми тврдат дека Португалецот не ја одбил понудата и дал до знаење дека може да преговара за менаџерската позиција. Пред почетокот на оваа сезона тој го презеде Фенербахче, но стартот на првенството не е според очекувањата и нема да биде изненадување ако си замине наскоро. Интересно е тоа што Мурињо веќе соработуваше со Фридкин Груп затоа што таа компанија е сопственик и на калчолигашот Рома чиј тренер беше искуснсиот стручњак. Иако минатата сезона доби отказ, тој остана во добри односи со газдата.

Што се однесува до Евертон, тоа е клуб со девет шампионски титули во англиското првенство и петти најтрофеен во оваа конкуренција, но последниот пехар го освои во 1988 година.