Мурињо подготвува револуција во Реал - бара големи промени во тимот!

Жозе Мурињо наскоро треба да биде промовиран како нов тренер на Реал Мадрид, а за тоа се чека завршувањето на претседателските избори и победа на актуелниот претседател Флорентино Перез.

Мурињо, сепак, во меѓувреме не седи со скрстени раце, туку прави детален план за летниот проеден рок и подготовка на тим со кој сака да го врати клубот на врвот во Шпанија и Европа.

Шпански „АС“ пишува дека новиот тренер ќе направи целосна реконструкција на одбраната, при што Мурињо сака нови централни дефанзивци, но и лев и десен бек.

Освен во одбраната, се очекуваат големи промени и во средниот ред, затоа што Мурињо сака класичен дефанзивен фудбалер за врска кој би делувал како штит пред одбраната.

Сепак, тука нема да запре бидејќи на Португалецот му е потребен и креативен плејмејкер, кој треба да ги организира нападите на „кралскиот клуб“.

Фото: Facebook/Sport Lisboa e Benfica