Мурињо одби, па Лион се врти кон Блан

Лион во понеделникот се раздели со тренерот Силвињо, кој издржа само кратко на клупата. На последните пет натпревари во Лига 1, осумкратниот француски шампион имаше скор од три порази и две ремија. 

Последниот пораз во големото дерби против Сент Етијен ја прели чашата, па претседателот Жан Мишел Ола го отпушти Силвињо. Сега Лион е во потрага по нов тренер, а Ола најпрво разговарал со Жозе Мурињо.

Португалецот љубезно ја одбил понудата, бидејќи сакал да продолжи да работи во Англија од каде чека добра понуда. Втор на листата на желби е поранешниот тренер на Бордо и ПСЖ, Лоран Блан. Кратко беше и селектор на Франција, а е без работа од 2016 година, кога беше отпушен од ПСЖ. 

Француските медуми пишуваат дека Ола и Блан имале состанок и дека поранешниот француски репрезентативец најверојатно ќе биде новиот тренер на Лион.