Мурињо: Неговата игра оди надолу, од натпревар до натпревар и тоа е разочарувачки

Жозе Мурињо јавно го критикуваше Хенрик Мхтаријан за неговата лоша форма во последниот период. Ерменецот имаше блескав старт на сезоната, но Мурињо вели дека неговата форма наместо да оди во нагорна линија, таа одеше надолу и затоа не беше во составот на неколку натпревари. 

„Не сум задоволен од неговите игри. Не се работи за еден или два натпревари, туку за три, четири, односно пет натпревари. Одлично ја започна сезоната, но неговата игра од натпревар во натпревар беше се послаба и послаба. Тоа беше доволно да го оставам надвор од составот, бидејќи другите работеа доволно добро да добијат шанса. Секој работи напорно да добие шанса. Тоа е едноставно“, изјави Мурињо.

Португалецот сепак го вметна Михтаријан во составот за натпреварот со Брајтон, но тешко дека ќе добие шанса да одигра некоја минута. Интересно е тоа што Борусија Дортмунд пројави интерес да го врати Ерменецот во својот тим зимава. Мхтаријан дојде во Јунајтед од Дормтунд за 26,3 милиони фунти во јули 2016 година. Не е ни прв пат „милионерите“ да ги враќаат своите поранешни фудбалери во своите редови, бидејќи тоа го направија со Шинџи Кагава, Марио Геце и Нури Шахин.