Мурињо му зеде 15 милиони на Фенербахче и му остави долг од 757 илјади евра
Отпуштен од Фенербахче на крајот на август, пред да го наследи Бруно Лаге во Бенфика неколку недели подоцна, Жозе Мурињо го тренираше турскиот клуб 15 месеци и во тој период живееше во еден од најлуксузните хотели во Истанбул, „Four seasons“. сместен на Босфорскиот канал, кој ги дели европскиот и азискиот континент.
По раскинувањето на неговиот договор, кој му гарантираше отштета од 15 милиони евра, и неговото враќање во Португалија, Мурињо го напушти хотелот, оставајќи зад себе голема сметка, чија сума беше откриена пред два дена од турските медиуми.
Наводно, тој изнесува 36,5 милиони турски лири, што е околу 757 илјади евра. Нејасно е дали оваа сум треба да ја плати Мурињо или клубот, но по се изгледа ќе отиде на сметка на Фенербахче.