Мурињо: Јас и Леви имаме исти видувања, не ни требаат нови играчи

Екипата на Тотнем денеска во 19 часот му гостува на Шефилд јунајтед во натпревар од 32. коло во Премиер лигата, а менаџерот на „петлите“, Жозе Мурињо, се осврна на идната сезона, најавувајќи дека овој клуб да вложи пари за нови играчи во текот на летниот трансфер рок.

„Спарси“ се дел од Лигата на шампионите во последните четири години, откако стигнаа до финалето на најпрестижниот клупски турнир минатата сезона, но загубија со 0-2 од Ливерпул во Мадрид.

Двете добри работи се дека претседателот Даниел Леви го сака она што го сакам. Тој самиот сака сè што сакаат фановите – да освојуваат натпревари и трофеи. Тоа е нешто одлично. Втората добра работа е што не ни требаат многу подобрувања, не ни требаат многу играчи и инвестиции Ова е профилот на нашиот клуб. Со или без Ковид-19, со или без учество во ЛШ, дефинитивно ќе можеме да ќе го подобриме нашиот состав. Ова е токму она што го сакаме, категоричен е португалскиот стратег.

Тој откри дека раководството на Тотнем сака Ерик Даер да потпише нов договор.

Се надевам дека ќе најдат заеднички јазик. Ерик веќе ми кажа дека тука е повеќе од среќен. Сигурен сум дека го водам тимот во вистинската насока, додаде Мурињо.