
Мурињо го искоментира враќањето на Зидан во Реал Мадрид
По ангажирањето на Зидан се огласи и Мурињо, кој го оцени враќањето на Французинот во Мадрид како - перфектно.
„Мислам дека неговото пристигнување е перфектно за клубот, зашто и претходно работеше добро. Тоа е одличен расплет за мене, за Мадрид и за него. Ќе има голема шанса да покаже колку е добар, посебно во создавањето на новиот проект. Јас мислам дека тој е голем тренер“, порача Мурињо.
Зидан потпиша договор со Реал до 2022 година, па годишно ќе заработува 12 милиони евра.