Муриел и носи голем триумф на Аталанта за враќање на второто место во Серија А (ВИДЕО)

Екипата на Аталанта извојува уште една победа во Серија А, откако вечерва славеше на домашен терен против Болоња со минимални 1-0, во рамки на 35. коло.

Стрелец на единствениот погодок беше Луис Муриел во 63. минута, фудбалер кој пред неколку дена имаше сериозна повреда на главата. Имено, пред неколку дена „Кориере дело спорт“пред точно една недела информираше дека Муриел паднал на глава и претрпе сериозни исекотини, откако удрил на работ на базен. Но, таа повреда не го спречи денеска да го запише 19-иот погодок сезонава во Серија А.

Со овој триумф тимот од Бергамо се искачи на второто место нарабелата со 74 бода, шест помалку од лидерот Јувентус, односно два повеќе од Интер, кој мечот од ова коло ќе го одигра утре дома против Фиорентина.