„Мундо Депортиво“ на оригинален начин се прости од Суарез (ФОТО)

Луис Суарез ја заврши својат авантура во Барселона, па ќе ја продолжи кариерата во Атлетико Мадрид со кој потпиша двегодишен договор.

Суарез ќе заработува по девет милиони евра годишно, а од него на оригинален начин се збогуваше „Мундо Депортиво“ на својата насловна страна.

Напаѓачот за шест години минати во Барселона одигра 283 меча и постигна 198 голови, како и 109 асистенции.