Мундо Депортиво: Сѐ е договорено, Зидан ќе биде нов тренер на Баерн Минхен!

Каталонскиот медиум „Мундо Депортиво“ тврди дека Зинедин Зидан ќе биде нов тренер на Баерн Минхен, наскоро треба да падне и официјален договор.

Завршила потрагата по наследник на Томас Тухел, изборот паднал на Зидан.

„Дознаваме дека преговорите се пред крај, дури двете страни сметаат дека сѐ е завршено и практично готово. Зидан побарал само да му се донесат засилувања, особено во одбраната“, тврди „Мундо Депортиво“.

Претходно се пишуваше дека помошник на Зидан ќе му биде неговиот сонародник и легенда на Баерн Минхен, Френк Рибери кои ќе му помогне побрзо да се прилагоди на клубот и на германскиот јазик.