Монако почна со победа, ама со помош на ВАР во 93. минута (ВИДЕО)

Фудблерите на Монако тешко, но заслужено триумфираа на денешното гостување кај Стразбур (2-1) на стартот на сезоната во Лига 1, во која најавуваат вмешување во борбата за врвот и за детронизирање на ПСЖ.

„Кнезовите“ почнаа силно и со головите на Диата во 43. минута и на Диоп десет минути подоцна имаа сигурно 2-0. Но, ова за малку ќе беше „од готово вересија“, со оглед што домаќинот прво намали преку Диало во 65. минута, а во 93. минута постигна гол за изедначување. Но, реагираа судиите од ВАР собата, кои забележаа офсајд со што го спасија Монако да не остане без веќе планираните три бода.

Најголемиот фаворит за титулата од Париз својот прв меч го игра вечерва и тоа на гости кај Клермон (21 часот).