Мoлк на „Стемфорд Бриџ“: Марсијал му донесе предност на Јунајтед (ВИДЕО)

Во овие моменти се игра дерби дуелот од 26. коло во Премиер лигата, а по првото полувреме со голот на Ентони Марсијал во 44. минута Манчестер Јунајтед води на гостувањето кај Челси со 0-1.

Кога сите помислија дека на пауза ќе се замине со почетниот резултат, Ван Бисака умешно мина крај Вилијан и нафрли од десната страна, а во Ентони Марсијал умешно ја смести топката во мрежата на Челси.